За 5 денари повисоки цените на дел од цигарите. Цигарите Бонд кои се продаваа по 65 денари, сега се продаваат по цена од 70 денари. Повисока цена имаат и цигарите Бренд, која од 65 скокна на 70 денари, Ориентал од 65 на 70 денари, Малборо лајт од 130 на 140 денари, Сан слим, од 80 на 85 денари, Честерфилд, од 75 на 80 денари.
Моментално не се поскапени цигарите од типот Малборо тач, Малборо кор и Малборо слим. Неодамна имаше покачување на цените на Вест и Ронхил.

Според календарот на зголемување на акцизите од јуни 2017 година цигарите ќе бидат поскапи за четири денари. Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.

Ohridnews