Женскиот ракометен клуб Вардар и левото кирло Камила Херем една сезона пред истекот на договорот спогодбено и предвреме ќе ја раскинат соработката.
Херем која сезонава го засили составот од „Јане Сандански“ ќе се врати во Норвешка поради лични проблеми, односно поради сопругот кој исто така е ракометар и не можеше да најде ангажман во нашата земја.
Иначе ова е второ заминување пред истекот на договорот, откако Тамара Мавсар побара раскин на договорот, а клубот и излезе во пресрет.
– На барање на Херем, спогодбено е раскината соработката. Таа изрази желба за враќање во татковината. Ние ја почитуваме нејзината одлука и ѝ посакуваме успех во кариерата. – наведува клубот на својата интернет страница.
Норвежанката во досегашниот дел од сезоната постигна 33 гола во Лигата на шампионите, а ќе му помогне на тимот на завршниот турнир во Будимпешта (6 и 7 мај) да ја освои првата титула во елитното натпреварување.
OhridNews