Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал освоија само по бод во 14-та рунда од Премиер лигата ремизирајќи со идентични 2-2 со Астон Вила односно Норвич.

„Црвените ѓаволи“ одамна не личат на себе, но секое ново издание е разочарувачко без надеж за нешто позитивно. Астон Вила како гостин на Олд Трафорд одигра многу подобро и беше поблиску до трет погодок кој ќе значеше победа. Двете екипи по еднаш имаа водство, но Астон Вила при резултат 2-2 имаше повеќе шанси и од играта. Притисокот е се поголем на плеќите од Оле гунар Солскјер и не се знае кога ќе пукне тиквата и Норвежанецот ќе капитулира и замине од Олд Трафорд.


Во тимот на Арсенал менаџерската смена не донесе резултат во првиот натпревар. „Топчиите“ под водство на клупската легенда Фредерик Љунберг ремизираа против Норвич 2-2 на „Викариџ Роуд“. Домаќините два пати имаа водство, а гостите од Лондон во два наврати израмнуваа со головите на Обамејанг.

Во останатите мечеви од денешната програма Лестер со 2-1 го совлада Евертон, додека Вулверхемптон и Шефилд Јунајтед ги поделијата бодовите ремизирајќи 1-1.

OhridNews