Ново рочиште од судскиот процес за глисерската несреќа што се случи во август 2009 година, во близина на каналот Студенчишта, е закажано за денес во Основниот суд во Охрид.
За несреќата во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова-Муцунска (39), обвинет е охриѓанецот Христијан Шапкар.
По неколку одложени рочишта, според најавите на судот денеска треба да бидат сослушани повеќе сведоци во случајот.
OhridNews