За утре е закажано ново рочиште од судскиот процес за глисерската несреќа која се случи пред две години, пред влезот на каналот Студенчишта. Најавено е дека ќе бидат сослушани исказите на сведоците од страна на одбраната.

Oхриѓанецот Христијан Шапкар (31), е обвинет дека ја предизвикал несреќата, во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова-Муцунска (39).

Глисерската несреќа се случи на 22 август 2009 година, непосредно пред влезот на каналот Студенчишта.

OhridNews