По повод патрониот празник на основното училиште „Братство – единство“, едно од најстарите основни училишта  и единствено во кое се изведува наставата на македонски, турски и албански јазик во општината, денеска свечено беше означен стартот на  работите за изградба на спортско игралиште за учениците во зградата на ова училиште во населбата „Лескајца“.


Средствата за изградба на спортското игралиште ги обезбеди локалната самоуправа, според која тоа ќе придонесе за квалитетно изведување на предметната настава по физичка култура.

OhridNews