Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за  потонувањето на бродот „Илинден“.

За несреќата обвинети се капетанот на бродот, Сотир Филески и претставникот на осигурителната компанија Германски Лојд, Бранко Баиќ, кому му се суди во отсуство. Двајцата се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„Илинден“ потона на 5-ти септември 2009 година во Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот кај автокампот „Елешец“. Во несреќата загинаа 15 туристи од Бугарија.

OhridNews