Локалната самоуправа започнува со поставување на улично осветлување на делот од улицата „Даме Груев“ – од пресекот со „Македонски просветители“ до пресекот со „Туристичка“.
Уличното осветлување на овој дел од спомнатата улица ќе се постави од десниот тротоар, а изведбата на работите ќе ја врши фирмата „Електро- Ирна“ од Охрид.
Поставувањето на новото улично осветлување е согласно предвидената програма за комунално уредување и проширување на мрежата за улично осветлување за оваа година, соопшти локалната самоуправа.











