Кај областа „Мазија“, која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтвиот локвањ, охридското јавно претпријатие „Комуналец“ деновиве работи на формирање на ново зелено катче.

Железната ограда која беше поставена во тревниот дел покрај каналот е дислоцирана и сиот простор ќе се расчисти од обраснатите растенија и расфрланиот отпад.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, земјениот дел ќе се обработи и ќе се засадат украсни зимзелени садници, листопадни садници и сезонско цвеќе според естетско хортикултурно решение.

Со тоа градскиот парк ќе биде збогатен со ново катче кое во иднина ќе биде тековно одржуван од екипите на „Паркови и зеленило“.

OhridNews