Новогодишен базар се одржа денес во дворот на ООУ „Григор Прличев“. На поставените штандови беа изложени изработени новогодишни украси од страна на учениците, наставниците и родителите наменети за продажба, а сето тоа со хуманитарна цел.

Поделена радост е дупла радост. Поделена насмевка е поширока насмевка. Поделена добра мисла… е за доброто на сите. Да подариме грст убавина, да се израдуваме на изработката на нашите ученици и нивните одделенски наставници и родители, да подариме она што е потребно… да се израдуваме и себе си и другите! Бидејќи еднаш подадена рака… со топла прегратка се возвраќа!, порачаа од училиштето.

Новогодишен базар со почеток во 16 часот ќе се одржи и во подрачното училиште во нас. Рача.

Н.С.Ј.