Во организација на лајонс клубот „Охрид“ во Центарот за култура денеска ќе се одржи хуманитарен новогодишен концерт, на кој ќе настапат Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиноски, Влатко Лозаноски, учениците од Музичкото Училиште „Методиј Патчев“ и Охридскиот хор.

Средствата од продадените влезници ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Влезниците за концертот изнесуваат 100 ден, и можат да се набават во Галерија „Букефал“, или на касата на Центарот за култура.

Во рамки на концертот  Лајонс Клубот Охрид ќе го додели Годишното признание „Горна Порта“ , кое се доделува на поединци, организации или здруженија,  кои со својот професионален или приватен ангажман, постигнале успех во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, промовирале граѓански вредности и придонеле за афирмација на Охрид и Република Македонија.

OhridNews