Учениците од музичкото училиште „Методи Патче“ утре ќе го одржат традиционалниот новогодишен концерт. На програмата се дела од познати автори, а ќе настапат деца од сите класи, информира директорката на училиштето Емилија Маринова.

Предвидени се 16 точки од кои 15 соло точки. Ќе настапат ученици од класите по пијано, виолина, флејта, гитара, кларинет и хармоника со соло точки, како и училшниот хор и оркестар со неколку композиции, вели Маринова.

Ќе бидат изведени дела од Шуман, Шостакович, Клементи, Сен-Санс, Мориконе, Штраус и многу други автори.

Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ со почетокот во 19 часот.

Н.С.Ј.