Хотелот „Метропол“
Од 16.12.2023 - 20:00 до 16.12.2023 - 22:00
Новогодишен концерт на Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“, ќе се одржи на 16 декември со почеток од 20 часот во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид. Под диригенската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат изведени дела на Штраус, Брамс, Калман…

Од „Охридско лето“ велат дека ваквата новина, со проширување на програмата и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август, е на радост на публиката.

Реализирањето на настани преку цела година, едно вакво континуирано делување со програмски содржини, се покажа како потреба. Со тоа успеваме да ја збогатиме културната понуда на градот но исто така ги реализираме зацртаните цели, Фестивалот да ја прошири фестивалската програма и во текот на целата година, вели Поповиќ.
Билетите по 300 денари можат да се набават во Дирекцијата на Фестивалот.
OhridNews











