Вечерва во 19 часот во х.Дрим-Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга.

На програмата се композиции од Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус Помладиот, Штраус Постариот во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба, информираат од училиштето.

Влезот за концертот е слободен.

OhridNews