Лајонс клуб Охрид, традиционално четврта година по ред го организира Хуманитарниот Новогодишен Концерт. И оваа година, со неговото одржување се овозможува промоција на младите охридски таленти. На овогодинешниот концерт ќе настапи охридскиот Хор и оркестар, ученици од Музичкото Училиште „Методиј Патчев“ и Ѓоко Танески. Средствата добиени од влезниците како и секоја година, така и оваа ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Воедно во тек е и хуманитарната акција за Донација на средства за Здружението на лица со оштетен вид од Охрид. Од оваа година ЛК Охрид го воспостави и Годишното признание „Горна Порта“ кое се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман, постигнале успех во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, промовирале граѓански вредности и допринеле за афирмација на Град Охрид и Република Македонија. Првиот лауреат за Годишното Признание „Горна Порта„ – 2010г. е композиторот Љупчо Константинов.

Овогодинешното врачување на Признанието ќе се одржи за време на Новогодинешниот Коцерт кој ќе се одржи, денес, со почеток во 19 часот во Центарот за култура.

OhridNews