Основното музичко училиште „Методи Патче“ вечерва во Центарот за култура ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.

На конертот учениците од основното музичко училиште ќе изведат дела на пијано, виолина, кларинет, гитара и флејта, а програмата ќе биде надополнета со настап на училишниот хор и оркестар кои ќе исполнат новогодишни и божикни песни.

Концертот на ОМУ „Методи Патче“ започнува во 19 часот.

OhridNews