Новогодишен концерт на учениците од основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид, ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Пред охридската публика ќе се претстават дваесетина музички таленти, училишниот хор и оркестар, кои ќе изведaт дела од познати светски композитори. Диригенти ќе бидат професор Олгица Пајпузова и професорот Кирил Белистојаноски, а пијано придружба м-р Ирена Веруш.

Новогодишниот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“, започнува во 19 часот.

OhridNews