Вечерва, со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи “НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО ПОПУЛАРНИ ОПЕРСКИ АРИИ“.
На концертот, кој е во организација на НУ Охридско лето, ќе настапат студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје. Влезот е слободен.











