Време е за опуштање во празнична атмосфера по напорната работна во уште понапорната и тешка година во која низ светот беснее опасниот коронавирус Ковид 19. Оваа Нова година и Божиќ, ќе ги минеме со своите најблиски избегнувајќи масовни собирања кои можат да предизвикаат нови кластери, кои можат дополнително да го оптоварат ионака оптоварениот здравствен систем

За убавите моменти, пак, за време на празниците се погрижија OhridNews со соработниците, подготвувајќи празнично изненадување за охриѓани. Вечерва, 30 декември, со почеток во 19 часот, на нашиот портал и нашиот YouTube канал ексклузивно ќе се емитува специјално издание на „Зимска Бајка“ во кое ќе бидат поместени дел од најдобрите моменти од сите досегашни изданија на најдоброто културно-забавно шоу во Охрид, кое го најавува извонредниот стендап комичар и актер Никола Тодороски на само нему својствен начин.

Ретроспективата на „Зимска Бајка 2015-2020“ е подарок за охриѓани за новогодишните и божиќните празници, а ја овозможија нашите помагатели: „Топ Маркет“, „АСП – ПАК“, „Жито Леб“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, „Кармен Бауцентар“, Аптеки „Виа Фарм“, Паб „Тино“, Кафе и бар „Шила“, „Мега продукција“, „Love&Life studio“, „Art Space“ и Општина Охрид.

OhridNews