По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, локалната самоуправа и Црвен крст Охрид, утре, четврток со почеток во 14 часот, во Средното угостителско училиШте „ Ванчо Питошески“, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен Новогодишен ручек.
Предвидено е градоначалникот Никола Бакрачески да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња.
OhridNews