Познатите стенд ап комичари Никола Тодороски и Марјан Ѓорѓиески во вторник на 27.12.2011 повторно ќе настапат во кафе барот „Ликвид“ во Охрид.

– Не пропуштајте ја можноста да се изнасмеете,  да уживате во новиот материјал и предновогодишно да се опуштите, порачуваат извонредните комичари Никола и Марјан.

Билетитет во предпродажба можат да се најдат во мјузик шоп ЗЗ ТОП по цена од 150 ден, а на влез ќе чинат 200 денари.

OhridNews