Женскиот Центар „Бисера“ по повод Новогодишните празници, традиционално, организира хуманитарната предновогодишна забава. Таа ќе се одржи денес, во хотел Ривиера, со почеток во 20 часот. Комплетното мени е 400 денари.
И оваа година со собраните средства ќе се купат подароци за болните деца во охридските болници и старите лица во Геријатрија.












