Традиционално како и секоја година, градоначалникот Александар Петрески, оствари средба со членовите на здруженијата на слепи и глуви и наглуви лица од Охрид.


Средбата се одржа во ресторанот на Средното Угостителско Училиште “Ванчо Питошески“, на која беше послужен заеднички ручек. Градоначалникот Петрески и ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа да  им излегува во пресрет на барањата на оваа категорија на граѓани. Петрески потенцира дека, со новите законски измени, локалната самоуправа ќе може дел од средствата за комуналните давачки  да ги субвенционира, а со тоа во многу да им го олесни секојдневниот живот.


На средбата градоначалникот Петрески на  децата на членовите од двете здруженија им подари новогодишни пакетчиња.

OhridNews