ЕВН Македонија традиционално во последната недела од годината ја почна реализацијата на Новогодишните донации. 

Во соработка со Црвениот крст ЕВН учествува во Новогодишната хуманитарна  акција  “ Да споделиме радост“. Со оваа акција над 2000 дечиња од Скопје, Велес, Битола, Прилеп, Кавадарци, Гостивар и Кочани добија пакетчиња и новогодишни подароци.


Со хуманитарната акција беа опфатини  деца на социјано загрозени семејства, деца со посебени потреби – штитеници на повеќе центри во земјава, како и деца сместени во други семејства. Подарок билети за представата „Дедо Мраз на Марс“ и други претстави од репертоарот на Македонскиот народен театар,  добија штитениците на СОС детското село и на Домот „11 Октомври“ од Скопје.


Со желби за среќна и успешна 2012, Новогодишни пакетчиња и пригодни подароци ЕВН Македонија им додели на најмалите кои во моментов се на лекување во  Институтот по белодробни заболувања кај децата –Козле.


За социјално загрозените категории на население, ЕВН Македонија донираше пакети со основни животни намирници во народната кујна на Македонската православна црква(МПЦ) во Велес и во седиштето на Ел Хилал при Исламската верска заедница.

OhridNews