Забава, новогодишни пакетчиња и подароци, ова се дел од планираните содржини што ги подготвува Младинскиот совет -Охрид за децата во Дневниот центар во болницата „Свети Еразмо“.

Од оваа невладина организација планираат да ги поканат и донаторите кои ја поддржуваат програмата „Млади во акција“ , како и нови потецијални донатори, претставници на јавни институции од областа на  образованието, културата, здравството, социјалата и слично, како и претставници на локалната и централната власт. Преку новогодишен пазар ќе се собираат дополнителни средства  кои ќе го подобрат работењето на дневниот центар.

За таа цел, во текот на овој месец ќе се реализираат 12 креативни работилници, на кои децата во болницата Св. Еразмо, со поддршка на волонтерите на Младински Совет Охрид ќе изработуваат најразлични новогодишни украси и предмети, кои ќе бидат изложени на новогодишниот пазар.

Специјалниот настан се планира да биде реализиран во периодот помеѓу 7 и 14 јануари 2009 година.

Ohridnews