Градоначалникот Александар Петрески, на децата од здружението заболени од церебрална парализа и на лицата со интелектуална попреченост од Републичкиот Центар – Порака, ќе им врачи пригодни новогодишни подароци. Оваа традиционална средба со оваа категорија на граѓани, ќе се одржи попладнево во 17 часот и 30 минути во НУЦК “Григор Прличев“.

Во соработка со Центарот за социјални грижи и општинската организација на Црвен Крст, утре, локалната самоуправа ќе додели над 200 социјални пакети за најзагрозените семејства од општинава. Предновогодишните пакети, ќе ги доделува градоначалникот Александар Петрески на два пункта во градов. Едниот е кај ДОН маркет на улица “7 Ноември“, со почеток во 9 часот и 30 минути, а другиот на спортското игралише од Средното Економско Училиште, каде акцијата ќе започне во 10 часот.

OhridNews