И оваа година, охриѓани, новогодишни честитки, лампиони и украси ќе купуваат на тезги, поставени на плоштадот Крушевска Република. Неизоставен декор повторно се најлонските кеси со кои продавачите се принудени да се заштитат од временските неприлики.

И овој пат пропаднаа надежите на охриѓани дека тезгите ќе заминат во историјата и конечно градот како еден од најпосетуваните центри за време на новогодишните празници ќе добие унифицирани монтажни дрвени објекти кои за време на празниците ги красат речиси сите плоштади во градовите низ Европа, локации кои со задоволство се посетувани од страна на жителите и гостите.

Т.К.