Новогодишниот календар беше причина за медиумска каранаци на опозцијата и локалната власт во Дебрца.

Опозициската СДСМ го обвини градоначаникот Игор Трајкоски дека се себепромовира во новогодишниот календар на општина Дебрца. 

-На сите страници на календарот се ставени фотографии од градоначалникот, кој во стилот на “народен водач и татко на општината ги прославува новите работни успеси за доброто на граѓаните”. – велат од СДСМ, посочувајќи дека ваква пракса иамло и изминатите години. Додаваат дека народот на 11 декември се изјаснил дека наместо забеганост, како што во соопштението се квалификува новогодишниот календар на општината, сака живот, кој според партијата ќе биде вратен во Дебрца во 2017 година.

Според градоначалникот Трајковски ваквите обвинувања само го покажуваат нискиот политички морал и култура кој го поседува СДСМ Дебрца.

-Им порачуваме на СДСМ Дебрца да го земат календарот на Општина Дебарца и добро да го проучат, да ги видат сите реализирани проекти и дејствија спроведени од Градоначалникот Трајковски и од партијата ВМРО ДПМНЕ. Да видат како се стои зад дадениот збор, како се дава ветување и како тоа ветување се реализира. Искрено се надеваме дека ќе го имаат кај секој од нив а доколку е потребно ќе им набавиме и по некој примерок повеќе. – се вели во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Трајкоски.

Што се однесува до изборите, факт е дека на 11 декември како во Општина Дебарца така и на ниво на Република Македонија победник на парламентарните избори е партијата ВМРО ДПМНЕ, а СДСМ е во заблуда и може да продолжи да се бламира, додека ние како и досега ќе се насочиме кон реализацијата на ветувањата кои ги дадовме пред жителите на Општина Дебрца и од кои добивме досега најголема доверба. – додава Трајкоски.