Се поголем број охриѓани ги украсуваат своите домови и дворови за новогодишните и божиќните празници. Во градов традиција е новогодишните декорации и украси да стојат до стара нова година- Василица.

Иако, Локалната самоуправа годинава не организираше избор на најубаво украсена куќа и двор, објективот на OhridNews забележа неколку во градот, кои се истакнуваат со убавата декорација. Оваа куќа која се наоѓа во стариот дел од градот, на патот кој води кон црквата Света Софија, е една од нив. 

OhridNews