Старите тезги на кои со децении наназад се продаваа новогодишни украси, од годинава се заменуваат со нови, унифицирани тезги изработени од полиестер, според ХАСАП стандарди.


Како што информира директорката на ЈП Градски пазар, Живка Ангелоска, набавени се нови 10 тезги кои лесно се монтираат, кои по завршувањето на новогодишните празници ќе се користат за продавање на земјоделски производи во градскиот пазар.

–    На закупците нема да им биде одобрено поставување на било какви други помошни масички, столчиња или покривање со најлонски ќеси што би го нагрдиле изгледот на новите тезги. Основната цел беше од годинава конечно да се заменат старите неугледни тезги со нови и современи, вели Ангелоска.

Се чека одобрение за поставување на тезгите од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа, по што на 20 декември тезгите ќе бидат поставени на вообичаената локација- кај градскиот чинар.

OhridNews