Делегација на општина Охрид, денеска во официјална посета го прими новоименуваниот Амбасадор на Народна Република Кина во Македонија , Н.Е. Цуј Џивеи.


На протоколарната средба, Амбасадорот Џивеи го истакна задоволството од добрите политички односи и континуираните меѓусебни контакти кои општина Охрид ги остварува со градовите од НР Кина.

Во разговорите беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката во повеќе сфери од општественото живеење.

OhridNews