Новоопремен фитнес-центар во селото Лешани, наменет за учениците и локалното население, доби Општина Дебрца. Опремувањето е реализирано со донација од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, Михајло Филев, во соработка со локалната самоуправа.
Центарот го посетија Филев и градоначалникот Златко Сиљаноски, заедно со националната координаторка за туризам Билјана Стефаноска, директорката на ООУ „Дебрца“ Елена Ристоска и наставникот по физичко образование Горан Цветковиќ.
„Имав можност да обезбедам значајна донација за учениците и локалното население, со која придонесовме кон опремувањето на современ простор наменет за поквалитетна настава, физичка активност и здрава рекреација“, напиша Филев во објавата на социјалните мрежи.

„Нашата цел е јасна – на младите да им понудиме квалитетни услови за живот, спорт и напредок токму тука, во нивниот роден крај“, порача Сиљаноски.
OhridNews

















