Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, преку гламурозен коктел со специјално приготвено мени, денеска го стави во функција новото бифе.

Веќе од понеделник, сите љубителите на здравата исхрана ќе можат да уживаат во ексклузивните јадења припремени од самите студенти, кои преку овој начин ќе се стекнат со практична работа неопходна за нивниот целокупен образовен процес.

Денеска започнува со работа нашето бифе со ова ексклузивно мени, кое е на ниво на хотели. Користевме многу скапи продукти кои беа подготвени на еден современ начин. Вложивме многу напор во самиот дизајн на креирање на менито и доставувањето на сите тие ексклузивни јадења, кои веќе од понеделник ќе можат да ги користат нашите студенти. Навистина чувствувам голема одговорност и чест, а веќе денес сме сведоци на она што го подготвија нашите студенти. Работевме вредно и трудољубиво. Со овој начин ќе продолжиме и понатака, а со тоа ќе докажеме дека овој факултет достојно ќе направи квалитетни кадри кои утре ќе овозможат подобрување на вкупното угостителство во градот Охрид.“ – истакна проф. д-р Ангела Василевска.

Таа потенцира дека во хотелската индустрија веќе е започната една голема револуција, која ќе допринесе за подобар град, угостителство и воопшто туризам.

Веќе утре тука доаѓаат повеќе учесници кои се носители во хотелската индустрија. Ќе имаме тркалезна маса во рамките на факултетот, а нормално ќе се дискутира на темите и проблемите во хотелската индустрија. На тој начин, чувствувам дека ќе се роди нешто ново, ќе се започне една иницијатива која ќе овозможи воопшто подобар туризам.“ – додаде Василевска.

Деканот при Факултетот за туризам и угостителство Охрид, проф. д-р Сашо Коруноски, истакна дека новиот тренинг центар со ова свечено мени, ќе биде вовед во една исклучително значајна активност во рамките на самиот факултет.

Тоа е практичната работа. Ако досега детектиравме многу проблеми во делот од практичната работа, сега сме спремни да се носиме со оваа обврска, а најдобар пример за тоа ќе биде она што денес го нудиме за нас, нашите гости и пошироко за целата заедница. ФТУ ќе биде носечка институција која што ќе воведе нови стандарди во гастрономијата, исхраната и диететиката. Спремни сме да одгвориме на овој предизвик, предизвик за цела Македонија, но и за туризмот воопшто. Од денес, заедно со професорите, студентите и нашите поддржувачи од хотелската и туристичката индустрија, да работиме со еден нов концепт. “ – истакна Коруноски.

 Според најавите на ФТУ Охрид, новото бифе ќе биде отворено и за надворешни посетители.

O.T.