Новото гориво на Ред Бул можно е да му донесе три десетинки побрз круг на следната трка во Барселона. Така барeм мисли советникот на тимот Марко Хелмут. На последната трка за ГН на Кина, двата болиди на австрискиот тим беа побавни од Фернандо Алонсо кој во својот Ферари овојпат беше многу подобар отколку во првите три трки. Хелмут е со мислење дека Ферари тоа го постигна со новата смеса на горовито на Шел.
“И ние се надеваме дека наскоро ќе добиеме поефикасно гориво“ – изјави Хелмут кој мисли дека горивото кое го користи Ред Буд на Тотал можеби е причина за оштетување на сензорот за проток на гориво, заради што Рикардо беше дисквалификован, а жалбата за тоа на Ред Бул одбиена.
Сепак, Хелмут за германскиот “Билд“ откри:
“Ферари во Кина направи очигледен напредок. Италијаните имаат ново гориво. Но наскоро и ние ќе имаме ново гориво кое ќе ни донесе две, а можеби и три десетинки побрз круг, така да ќе се обидеме да го престигниме Ферари. Искрено во неделата во Кина нашите пилоти што и да правеа не беа во можност да го престигнат Алонсо“ – додаде Хелмут.
OhridNews