Сериозен инцидент се случил синоќа околу 08:00 часот во Собранието на Република Македонија, кога вработен при расправија со колешка извадил нож и и го ставил на вратот, но за среќа нападнатата избегала и го пријавила случајот, јавува „Макфакс“.

Според информациите на полицијата, инцидентот се случил кога во канцеларија на Секторот за техничка поддршка влегол Д.Т. и започнал расправија со 48-годишната колешка Д.С.

При обидот да биде смирен од друга колешка М.М., која била присутна во канцеларијата, тој извадил нож и го ставил на слабината на Д.С. и и рекол да излезе надвор со него. Откако нападнатата почнала да се спротиставува, напаѓачот ножот и го ставил на врат. Во меѓувреме, М.М. се обидела преку телефон да го повика обезбедувањето, при што напаѓачот се обидел да ја спречи. Тоа го искористила напнатата Д.С. и успеала да побегне, по што го пријавила случајот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

OhridNews