Утре, 12-ти септември, од 19:00 до 23:00 часот, улицата „Цар Самоил“ и стариот дел на градот стануваат една голема отворена сцена на културата со настанот „Ноќ на музеи“.

„Ноќ на музеи“ утре во стариот дел на Охрид

Организаторите најавуваат културна маршута низ музеи, галерии, ателјеа, стари занаети, изложби, вино, поезија и музика – содржини кои ќе се одржуваат на 12 локации.

Јован Цветкоски – КИ “5до12”

Утре за првпат во Охрид ќе се случи настанот „Ноќ на музеи“. Сите кои ќе дојдат на настанот треба да земат влезница од појдовната точка помеѓу пицеријата Леонардо, Малезан филигран и Култура 365. Во групи од 20 луѓе заедно со туристички водичи ќе се упатуваат на локациите. Ги покануваме сите да дојдат да ни се придружат и заедно да го направиме Охрид град музеј за првпат, концепт кој во Европа се прави повеќе од 20 години. Настанот е бесплатен, вели Јован Цветкоски од Културолошката иницијатива „5 до 12“.

Поради одржување на настанот во периодот од 18:00 до 24:00 часот за сообраќај ќе биде затворен дел од ул. „Цар Самоил“ (од рампата на градскиот плоштад до крстосницата ул. „Цар Самоил“ со ул. „Коста Абраш“).

Организаторите упатуваат молба до учесниците во сообраќајот  да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на гореспоменатиот настан.

Н.С.Ј.

фото/видео. А. Момироска