Учениците од основните училишта во Преспа и Охрид учествуваа со над 200 раскази, митови и легенди за трите популарни жители на Националниот парк “Галичица”: рисот, мечката и волкот. Од големиот број трудови, избрани се девет.
Во категоријата на ученици од прво до четврто одделение, наградите ги добија учениците Александра Ристеска IV-8 одд. ОУ “Братство Единство” – Охрид, Тамара Крстаноска III одд. ОУ “Григор Прличев” – Рача, Виктор Шишкоски II-1 одд. ОУ “Христо Узунов “– Охрид.
Наградени ученици од петто и шесто одделение се: Марија Мојсоска VI-2 одд. Од ОУ “Григор Прличев” – Охрид, Теодора Донеска VI-4 одд. ОУ “Григор Прличев” – Охрид и Мартин Таламаноски VI одд. ОУ “Св. Наум Охридски” – Пештани.
Наградите од третата категорија, за ученици од седмо и осмо одделение, ги добија Марија Пецалевска и Марија Јосифовска од Ресен и Стефанија Ужаноска од Царева Двор.
,