Од страна на јавното претпријатие НП Галичица до Владата е поднесено барање во иднина националните паркови да се финансираат од државниот буџет, а не како досега средствата да се обезбедуваат преку самофинансирање.


Дел од шумата во Националниот парк се користи како огревно дрво

Засега голем дел од приходите кои ги остварува јавното претпријатие се обезбедуваат од продажбата на огревното дрво кое се сече од националниот парк. Доколку Владата одговори позитивно на нашето барање, тоа ќе значи дека во иднина нема да има потреба од сеча на дрвата, иако тоа се прави во мали количини и согласно годишна програма одобрена од надлежното министерство, вели директорот на НП Галичица, Зоран Ангелоски.
 

   
Сечачата на дрва на Галичица е строго контролирана тврдат од Националниот парк

Со измените на законот за заштита на природата, извршени пред три месеци се дава можност националните паркови во иднина да остваруваат профит и од други дејности со кои дополнително би се полнел буџетот на претпријатието.

– Со реализацијата на ваквите измени, дури и во случај ако не се прифати барањето за финансирање преку државниот буџет, националните паркови ќе може финансиски да опстојуваат, додава Ангелоски.

Стопирањето на користењето на шумите за стопански цели наидува на подршка и од страна на екологистите. Неодамна од нивна страна беше токму потенцирана неопходноста од третирањето на шумите како заштитени, наместо за стопански цели, потенцирајќи го значењето кое тие го имаат за површинските и подземни води.

OhridNews