По повод празникот 8- ми декември, Денот на Патронот на градот, активот на жени и млади од општинската организација на НСДП организира хуманитарна акција со која беа обезбедени 100 пакети наменети за социјално загрозени семејства во Охрид . Пакетите се составни од прехранбени продукти и облека.


– Акцијата ја спроведовме во соработка со општинскиот Црвен крст и неколку фирми од градот. Сакавме на овој начин да ги поттикнеме сите граѓани, независно од нивната политичка припадност, да се осврнат околу себе и го споделат она што го имаат со оние на кои помошта им е неопходна, истакна Верица Хајба од НСДП .


Како што рече Хајба, ова е само една од неколкуте планирани хуманитарни акции кои НСДП ќе ги реализира во текот на претстојните новогодишни и божиќни празници.

OhridNews