НСДП – Ќе го поддржиме кандидатот за градоначалник на СДСМ
26.04.12 07:00
Редакцијата на OhridNews, во текот на изминатиот пeриод ја анализираше состојбата во сите ограноци на политичките партии во Охрид, а во наредните неколку дена, започнувајќи од денес, ќе објави низа на текстови во кои одделно ќе ги пренесе ставовите и плановите на сите политички партии за претстојните Локални избори кои ќе се одржат на почетокот од идната година.
Охридскиот огранок на политичката партија НСДП нема да предложи свој кандидат за Градоначалник на Охрид, на претстојните Локални избори кои ќе се одржат догодина, туку ќе го поддржи кандидатот на СДСМ. Ова го најави раководство на НСДП во Охрид, објаснувајќи ги подготовките за предизборната кампања, на кои оваа партија веќе интензивно работи.
-Во НСДП подготовките околу претстојните избори се во полн ек. Секојдневно се работи со нашите гласачи на терен, се организираат регионални средби и трибини во сите изборни единици. Во договор со нашиот колационен партнер, ќе се понудат кандидати за градоначалници и од нашата партија НСДП. Веќе за одредени наши членови дадени се предлози и дел се прифатени од страна на коалициниот партнер СДСМ, како можни кандидати за градоначалници. Што се однесува за Охрид, на претстојните локални избори ние како партија нема да предложиме кандидат и ќе го поддржиме кандидатот на СДСМ, информираа од раководството на НСДП.
Оттаму нагласуваат дека при изборот на личноста која треба да се кандидира за Градоначалник на Охрид пресудни се повеќе елементи.
-Најпрво важен е карактерот на самата личност, неговата популарност или препознатливост помеѓу народот. Исто така и политичката активност е битна за таа личност да добие поддршка од партијата. Меѓутоа кога таа личност ќе стане актуелен кандидат за граданачалник тогаш треба да го покаже својот авторитет и лична харизма со која треба да ги освои гласачите, велат од НСДП, потенцирајќи дека на претстојните Локални избори на секој кандидат во Охрид пресудни ќе му бидат гласовите на неопределеното гласачко тело, кои можат да ги освојат само со својот личен авторитет.
Раководството на НСДП, во Охрид смета дека предизборната кампања за Локалните избори 2013 година, започнала предвреме поради актуелната економска и политичка состојба во која се наоѓа Република Македонија.
-Самата состојба наметна битката на политичката сцена да почне многу порано. За крајниот исход од вака наметнатата ситуација многу е рано да се даваат прогнози, потенцираат од оваа партија.
Оттаму очекуваат дека во претстојниот период да има многу турбуленции на политичката сцена кои видно ќе влијаат на крајниот исход на предизборната кампања и на самите Локални избори.
Талентираното клавирско трио составено од младите охридски музичарки Ана Кузманоска (клавир), Лина Николеска (виолина) и Антица Николоска (виолина), ќе има свое деби во рамките на програмата „Подиу...
Oтсекот за превенција при СВР Охрид реализира превентивно-едукативна активност „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, моторцикли и електрични тротинети Целта е, посочуваат од ...
Очаен беше обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Северна Македонија, покажавме силна посветено...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.