Со одлука на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, за вршител на должност директор на новото јавно претпријатие за управување со гробишта назначен е советникот од НСДП, Драган Пандески.

Јавното претпријатие за управување со гробишта е еден од трите правни субјекти кои произлегоа од поделбата на  Ј.П.„Охридски Комуналец“ под чија капа останаа услужни дејности и хигиена и зеленило. Од него уште произлегуваат и јавното претпријатие за погребални услуги и за управување со градскиот пазар.

OhridNews