Според член 39 од Статутот на Општина Охрид, Градоначалникот е должен во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата да определи член од Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство, велат од општинската организација на НСДП.

– Од преземањето на функцијата Градоначалник поминаа веќе 7 месеци , а оваа законска обврска се уште не е исполнета, додаваат од партијата.

Оттаму прашуваат која е причината, како што велат,  што не се почитуваат одредбите не само од статутот на Општина Охрид туку и од  членот 52 од Законот за Локална самоуправа.

OhridNews