Нов предлог – визуелен идентитет за НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид презентираше пред вработените типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски.

Во предлозите задржани се основните елементи – портретот на Прличев, ловоровиот венец и типографија која потсетува на кириличните исписи базирани на историски пишани документи пронајдени на овие простори, информираат од Библиотеката.

Освен тоа, дефинирани се формулите на основните бои и типографијата на логото.
Новиот визуелен идентитет НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе го промовира на 23 мај, во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Ребрендирањето на Библиотеката е и во рамките на 195 годишнината од раѓањето на нашиот патрон Прличев, вели в.д. директорката Христина Трпеска.
Ласко Џуровски, роден 1960 година во Ресен. Завршил економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е основач и сопственик на студиото за дизајн и типографија ТОТЕМ.

OhridNews












