Традиционално Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид, е носител и соорганизатор на добар дел од програмските активности на манифестацијата „Прличеви Беседи“, во слава на патронот. Деветнаесетиот век е векот кој духовно е овековечен во делото и блескавата личност на патронот на установата Григор Прличев.
Со оглед на значењето и димензијата на оваа најстара културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година, во интерес е ова големо име од залезот на вториот милениум, во чест на традициите, а во завет на генерациите што доаѓаат по нас перманентно да биде одбележувано на соодветен начин и со посебен пиетет, велат од НУЦК „Григор Прличев“.
Годинава програмата ќе започне на 5 Февруари 2022 со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид. Изложбата ќе биде отворена во Изложбениот салон во установата со почеток во 11:45 минути. Истиот ден во 12:00 часот се организира свеченост посветена на лауреатот кој ја доби наградата „Григор Прличев“. На манифестацијата ќе настапи хорот при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, ќе биде претставена наградената поема “ЦВЕТКО” со артистичка изведба на поемата, а потоа и официјално ќе биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2021 година на Трајче Кацаров.
Настаните ќе се одржат согласно здравствените протоколи за заштита од корана вирусот.
OhridNews












