Њукасл-Ливерпул е дерби на 31-та рунда во англиската Премиер лига. Њукасл, на осум кола до крајот на првенството не се откажува од намерата да стигне до четврото место на табелата, на кои во моментов е Тотенхем. Њукасл и Челзи имаат пет бода помалку од екипата на Хари Реднап.
Ливерпул, кој одамна ги загуби шансите за висок пласман во првенството, силите ги насочи кон двете домашни Куп натпреварувања. Еден трофеј, во Карлинг купот, „црвените“ веќе освоија, додека во полуфиналето, во ФА купот ќе играат против градскиот ривал Евертон.
Мечот ќе биде интересен и поради напаѓачот Енди Керол, кој ќе го одигра првиот натпревар во Њукасл против својот поранешен тим. Керол пред нешто повеќе од една година за сума од 35 милиони фунти се пресели во Ливерпул.
Двојки : Њукасл-Ливерпул, Тотенхем-Свонси
Премиерлигашкото, 31 коло, ќе биде комплетирано во понеделник, кога ќе се одигра натпреварот Блекбурн-Манчестер Јунајтед.
Табела: Манчестер Ј. 73, Манчестер С. 71, Арсенал 58, Тотенхем 55.
Сити освои бод, но загуби драгоцени два (видео)
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com