Важноста на функционирањето на колекторскиот систем за собирање на отпадните води, инвестирање во канализациската мрежа, воспоставувањето на самодржливиот регионален систем за управување со отпад и замената на нееколошките начини на загревање на јавните објекти, дел од темите на кои беше разговарано на остварената средба на министерот за животна средина Насер Нуредини и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Министерот Нуредини ја нагласи потребата од соработка помеѓу локалната и централната власт за реализација на клучните инфраструктурни проекти во овој регион, за што градоначалникот изрази подготвеност.

Предизвикот за општина Охрид е и во заштитата на непроценливото природно наследство на Охридското Езеро во рамнотежа со социоекономскиот развој, пред се одржливиот туризам. Во таа насока, се разговараше и напредокот во постапката на прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје и ревалоризацијата и Планот за управување со Охридското Езеро, а во врска и со препораките од Комитетот на УНЕСКО, се наведува во соопштението од МЖСПП.

OhridNews