Лошите интервенции против Ирска во Даблин ќе го чинат губење на дресот со бр 1 за Един Нурединовски.  Селекторот Јонуз кој секогаш го лоцира проблемот кај другите освен кај себе го пронајде кривецот кој ќе го плати цехот.

– Сега сигурно ќе размислиме околу голманската позиција во иднина..Сигурно го очекуваме враќањето на Пачовски, но тука е и Богатинов, кој брани во одлична форма. Ќе беше катастрофална грешка ако низ самиот натпревар го повлечевме Нурединоски. Но, сега веќе е јасно дека е разнишана довербата”, истакна на прес-конференцијата по средбата, Мирсад Јонуз.


Никој не бега од фактот дека Нурединовски бранеше слабо, но него на голот го постави селекторот Јонуз, инаку поранешен голман. 

Треба ли селекторот да понесе одговорност за очајно лошата такткичка поставеност и пристапот кон мечот. Немаше ништо од високите топки со кои ќе не нападнеа ирците, нашата пас игра која според селекторот ќе ни донесе игра , најчесто се одвиваше на нашата половина.

Новата улога на Пандев, како најистурен играч не даде никаков резултат. Капитенот беше отсечен од играта и имаше само една можност по центаршутот на Попов. Самоинцијативното враќање на Пандев во средината на теренот резултираше со асистенција и погодок на Тричкоски.

Попов и Шиков ретко го пробиваа ирскиот тим по бочните позиции, а благодарение на унгарскиот судија Грнчаров не го заврши мечот на стартот на вториот дел.

Единствено Демири беше освежување во средниот ред, додека ништо ново и не инветивно од повратникот во репрезентацијата Тасески и стандардниот Шумуликоски, од двоец од кој никој повеќе и ништо неочекува.

Време е и “борбениот“ Наумоски да се замисли за својата игра во националниот дрес, каде се посигурен е Тричкоски кој доколку беше поснаодлив ќе беше новиот македонски херој.

Но селекторот барем за сега не размислува за заминување, неговите оптимистички изјави дека ова е нашата шанса да го зграпчиме второто место отидоа во ветар и наместо сигурното четврто место на крајот ќе мора да се задоволиме со петтото, пред незгодната Андора.

М.Постоловски