Македонската фудбалска репрезентација со одличен резултат се врати од турнејата во Австрија каде забележа две победи во дуелите со Азербејџан и извонредно силната европска селекцијата на Романија.Ова е најдобрата серија во историјата на националниот тим со 5 победи и еден нерешен резултат, серија која започна по пресметката со европскиот шампион Шпанија минатиот август во Скопје.


Еден од репрезентативците кој доби извонредна прилика е секако чуварот на голот Един Нурединоски кој иако претходно дебитираше на средбите со Катар и Црна Гора , за првпат беше стартер на репрезентативен меч:

Посебно чувство е да се започне натпревар од првата минута. Уште поголеми се и емоциите. Сигурно дека со добрите интервенции помогнав да се совлада голема селекција како што е Романија и се надевам ќе бидам во комбинација за претстојните квалификации. Позитивно е за нас, како тим кој ќе настапи во следните квалификации ,добра атмосфера, добри резултати и пред се да направиме прогрес во квалификациите и секако на рејтинг листата на ФИФА – истакна Нурединовски во изјавата за официјланата веб страна на ФФМ.

Митрески : “Тактичката поставеност ни ја донесе победата над Романија“

Видео: Скршен малерот против Романија

Ohridnews