Македонската единица Нурединовски извиси во рускиот Ростов, по ангажманот на хрватскиот репрезентативец Стипе Плетикоса. Нурединовски кој пред неколку дена потпиша договор со рускиот лигаш, остана со празни раце откако клубот се одлучи да го ангажира Плетикоса.


Голманот најави тужба за русите по последните случувања. – Веројатно ќе покренам тужба спрема Ростов, но тоа ќе биде откако ќе се
консултирам со мојот менаџерски тим. Јас имам валиден договор потпишан
со Ростов
– изјави Нурединоски.


Нурединовски е изоставен од списокот на в.д. селекторот Бобан Бабунски за пријателската тест средба со Азербејџан на 10 август.

М.П.