Холандскиот фудбалски гигант Ајакс ја зачуди јавноста во земјата со  раскинувањето на договорот на Абделхак Нури. Фудбалерот на Ајакс пред неколку денови се разбуди од кома после неполни три години откако колабираше на терен.

Во соопштението, Ајакс информираше дека клубот поради рецесија на финансиските средства ги раскинал сите договори со фудбалерите од младинскиот погон. Во нив се наоѓал и Нури.

Клубот исто така потври дека го плаќал лекувањето на Нури и ќе продолжи да биде така додека постои надеж за прогрес во здравствената состојба на фудбалерот.

Семејството веднаш после немилата случка одлучи да го тужи клубот.

OhridNews

Младата ѕвезда на Ајакс се разбуди од кома